Фудбалската репрезентација на Грузија ја совлада Ерменија со вкупни 9:1 со што обезбеди оипстанок во Б-дивизијата од Лигата на нации. Грузија како третопласирана од групата Б1 и Ерменија како второпласирана од групата Ц4 играа за место во Б-дивизијата.
Грузијците ја завршија целата работа на првиот меч, кога победија со 3:0 во Ереван, а во реваншот пред своите навивачи победија со 6:1.
Головите ги постигнаа Отар Китеишвили (4, 27), Жорж Микаутадзе (14, 35), Гиорг Чакветадзе (23) и Хвича Кварацхелија (62), додека кај гостите погоди Едгар Севикјан (48).
Текстот Грузија ја декласира Ерменија за опстанок во Б-дивизијата е превземен од МАКФАКС.