Атлетико Мадрид исто така е погоден од коронавирусот и во моментов кај „јорганџиите“ има пет позитивни случаи.
При последните тестирања позитивни тестови дале тренерот Симеоне, потоа Антоан Гризман, Жоао Феликс, Коке и Ектор Ерера. Петмината немаат симптоми и се ставени во карантин.
Атлетико Мадрид во недела треба да се сретне со Рајо Валјекано, клуб што е најмногу погоден од коронавирусот.
Во Примера рапидно е зголемен бројот на позитивни на Ковид, па овој меч може да биде одложен.