Американскиот политичар, дипломат и аналитичар Ричард Гренел изјави дека медиумите Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, кои се финансирани од американските даночни обврзници, треба да се затворат, бидејќи според него, тие се екстремно левичарски и немаат потреба од финансирање од државата.

„Радио Слободна Европа и Гласот на Америка се медиуми кои ги финансираат американските даночни обврзници. Тие се медиуми во државна сопственост и полни се со екстремни левичарски активисти. Соработката со новинарите во овие медиуми трае децении. Тоа е нешто што треба да остане во минатото. Не ни требаат државно финансирани медиуми“, изјави Гренел.

 

На овие зборови се надоврза и технолошкиот магнат Илон Маск, кој целосно ја поддржа позицијата на Гренел.

„Да, затворете ги. Европа е слободна сега (не сметајќи ја задушувачката бирократија). Здраво?? Никој веќе не ги слуша. Тие се само радикални левичари кои зборуваат сами со себе додека согоруваат милијарда долари годишно од џебовите на американските даночни обврзници“, напиша Маск на платформата „X“.

 

Текстот Гренел и Маск бараат затворање на „Радио Слободна Европа“ и „Гласот на Америка“ е превземен од МАКФАКС.