Mногумина во зимскиот период сакаат да уживаат во вкусот на греаното вино. Со препознатлив мирис и вкус, стоплува и расположува во студените денови.

Ако сакате да си го направите дома, но како вистински професионалец, ние пронајдовме еден рецепт од шеф Џејми Оливер.

Тајната е секако во зачините, а Оливер додава дека покрај совршениот баланс на вкусовите, во подготовката треба да се биде трпелив и да се прави со љубов.

„Оставете виното полека да се загрева, за да има време сите вкусови да се помешаат со виното на вистински начин“, вели Џејми..

А ова е неговиот рецепт:

Состојки: 2 мандарини, 1 лимун, 1 лимета, 200 грама шеќер, 6 цели каранфилчиња, 1 стапче цимет, ловоров лист (2-3), 1 морско оревче (за да се наренда малку), 1 стапче ванила, 2 ѕвездички анасон, 2 литри вино.

Подготовка:

Изрендајте ја кората на амандарините, лимонот и лиметата на крупни парчиња. Во големо тенџере на средна температура ставете да се в ари шеќерот, додадете ги изрендарите кори и исцедете ги мандарините. Додајте ги каранфилчињата, циметот, ловоровите листови и нарендајте малку морско оревче. Ванилата преполовете ја по вертикала и додајте во тенџерете, а потоа додадете го виното така да го покрие шеќерот.

Оставете да се вари додека шеќерот сосема не се стопи, а потоа оставете да проврие и оставете така да се вари уште 4-5 минути, додека не добиете густ сируп. Важно е првин да се направи сируп, затоа што шеќерот и зачините треба добро да се загреат. Ако ги загревате откако сте го додале виното, алкохолот ќе испари сосема.

Кога ќе го добиете сирупот, намалете го оганот на тивко и додадете го анасонот и остатокот од виното. Полека загревајте го виното, а после околу пет минути, кога ќе стане вкусно и топло, ставете го во чаши или шолји и послужете.