Украинскиот град Мариупол, кој се наоѓа на југот на Украина е на работ на хуманитарна катастрофа и мора целосно да се евакуира, изјави градоначалникот Бојченко. Тој рекол дека околу 160.000 цивили се заробени во градот без струја, пренесе „Ројтерс“.
Дваесет и шест автобуси чекаа да ги евакуираат цивилите, но руските сили не се согласија да им дозволат безбедно поминување, додаде Бојченко.
„ Руската федерација си игра со нас“, обвини тој.