Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски преку социјалната мрежа Facebook прогласи победа во оваа општина.

„Леле луѓе што направивме. Газиме. Испишуваме историја, втор градоначалнички мандат едно по друго, продолжуваме со позасилено темпо да реализираме проекти во интерес на нашите сограѓани“, напиша Христоски на својот профил.