Принцезата Шеика Махра се најде во центарот на вниманието кога го напушти својот сопруг преку Инстаграм, станувајќи глобална сензација.

Сепак, не помина долго време за убавата Махра повторно да биде тема. Овој пат, се чини дека таа ја пронајде вистинската љубов. Веста дека Френч Монтана ѝ предложи брак ја потврди и неговиот менаџер.

Која е принцезата на Дубаи?
Шеика Махра е ќерка на владетелот на Дубаи и премиер на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Рашид Ал Мактум. Неговото богатство во 2011 година беше проценето на четири милијарди долари.

Махра е само едно од неговите 26 деца, а нејзината мајка е Гркинката Зои Григоракос. Таа е исто така успешна претприемачка и има сопствена линија парфеми, Махра М1.

Сепак, таа е најпозната по бракот со шеикот Ман Ал Мактум, со кого се омажи во 2023 година, љубов што траеше само околу една година. Нејзината објава на Инстаграм во која таа му кажа на својот сопруг дека се разведува стана вирална, но сега таа ја избриша објавата.

Во тој брак таа доби една ќерка, која го носи нејзиното име. Првпат беше видена со Монтана во 2024 година во Дубаи, и се претпоставува дека тогаш ја започнале својата врска.

фото: принтскрин

Текстот Го остави првиот сопруг брутално преку Инстаграм, па среќата ја најде покрај светската ѕвезда: која е контроверзната арапска принцеза? е превземен од МАКФАКС.