Вчера во 15.30 часот во СВР Тетово, 46-годишник од тетовско село, пријавил дека бил измамен од лице кое се претставило дека е од Скопје и е претставник на фирма која вршела транспорт на моторни возила Швајцарија во Македонија.
Според пријавеното, во текот на овој месец, тој на социјална мрежа стапил во контакт со лицето и се договориле да му транспортира возило „мерцедес“ од Швајцарија за сума од 1.000 евра.
Како што е пријавено, лицето му пуштило фактура и побарало од него парите да ги прати преку брз трансфер на друго лице.
Исто така, според пријавеното, откако лицето не го презело возилото и му биле наведувани различни причини затоа, тој сфатил дека е измамен. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата./Макфакс
Текстот Го излажале дека ќе му транспортираат „мерцедес“ од Швајцарија: тетовец останал без пари и без возило е превземен од МАКФАКС.