Фудбалерите на Шамрок приредија вистинска сензација со гостинската победа во Молде, во првиот натпревар од плеј-офот за осминафиналето на Конференциската лига.

Иако беше постигнат само еден гол, тој влезе во историјата на натпреварувања под капата на УЕФА.

Имено, стрелецот Мајкл Нунан го реши натпреварот во 57. минута и стана најмладиот стрелец во историјата на меѓународните клупски натпреварувања. Нунан стана рекордер со 16 години и 197 денови.

Интересно ова беше негов деби настап за Шамрок, откако потпиша за ирскиот клуб оваа зима.

За само 21 ден, тој го собори рекордот на Белгиецот Ромелу Лукаку, кој со 16 години и 218 дена постигна два гола за Андерлехт во победата од 3:1 над Ајакс во Лига Европа во 2009 година.

Текстот Го добивме најмладиот стрелец во историјата на европските натпреварувања е превземен од МАКФАКС.