Се ќе биде готово дур да трепнете, ќе ја ставите тортата во рерна и се што треба да направите е нетрпеливо да цупкате покрај шпоретот додека прекрасната миризба на мандарини се шири низ куќата…

Не ви требаат повеќе од пет минути за да ја подготвите оваа вкусна торта со богат и полн вкус на мандарини, а секој залак е незаборавен!

Состојки:

2 јајца

3 мандарини

130 милилитри масло

130 грама шеќер

1 кесичка ванилин шеќер

230 грама меко брашно

2 лажички прашок за пециво

за декорација кришки мандарина и шеќер во прав по вкус

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени.

Изматете ги јајцата, потоа истурете ги во блендер и додадете ги сецканите мандарини (ако имаат семки, извадете ги), маслото, ванилиниот шеќер и шеќерот и измешајте се заедно.

Во подлабок сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво, потоа постепено, постојано мешајќи, додајте ја смесата од блендерот.

Кога ќе добиете компактна маса, истурете ја во сад за печење, намачкан или обложен со хартија за печење и печете најмалку 25 минути.

Оставете да се излади десет минути пред да ја извадите тортата од садот. Кога ќе се излади целосно, можете да посипете со шеќер во прав и да наредите мандарини со тенки парчиња.