Новиот македонски прволигаш Гостивар продолжува со нови засилувања. Најново име кое се приклучи на подготовките во Болу е нигерискиот фудбалер Ибрахим Алхасан Адаму.
Тој е 22-годишен играч за врска кој доаѓа од Нигерија, а последните сезони ги мина во турскиот клуб Анкара Кечиоренгучу.