Голем пожар избувна вечерва околу 20:00 часот во Општина Карпош, на улицата „Скупи“, при што според неофицијални информации, се зафатени вкупно четири куќи.
На терен се повикани и присутни екипи на Брзата помош. Засега нема информации за повредени лица. Чадот се гледа од повеќе делови на Карпош.
Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), пријавата за пожарот била примена во 20:02 часот преку бројот за итни повици 112, по што веднаш биле известени надлежните институции.
Од страна на Министерството за внатрешни работи, преку дежурно-оперативниот центар на ЦУК, било побарано исклучување на електричната енергија на нисконапонската мрежа, за да може екипите на Бригадата за противпожарна заштита (БППЗ) да интервенираат безбедно.
Според првичните неофицијални сознанија, освен куќата каде што избувнал пожарот, огнот зафатил уште три соседни куќи.
Екипите на БППЗ Скопје се на лице место и работат на локализирање и гаснење на пожарот, информираат од ЦУК.
Текстот Гори куќа во Злокуќани, огнот се проширил на уште три е превземен од МАКФАКС.