Денвер Нагетс продолжуваат да го чуваат јадрото на тимот што на организацијата Колорадо и ја донесе единствената титула . По Никола Јокиќ, Мајкл Портер Јуниор и Џамал Мареј, нов договор доби и Арон Гордон.
Американските медиуми објавија дека Арон Гордон го продолжил договорот со Денвер на четири години, во кои ќе заработи 133 милиони долари.
Добрата вест за Нагетс е што договорот е структуриран така што тој ќе заработува помалку во првите две сезони (22,8 милиони долари) отколку во последните две сезони (37,1 милиони долари).
На тој начин, Денвер ќе заштеди околу 10 милиони и, можеби уште поважно, ќе овозможи финансиска флексибилност која е многу важна во светло на новиот колективен договор потпишан претходната година.
Минатата сезона Гордон имаше просек од 13,9 поени, 6,5 скока и 3,5 асистенции во дресот на Нагетс.
Гордон е добар пријател и со Никола Јокиќ, а многумина се сеќаваат на фотографиите од Сомбор кои беа снимени кога Американецот дојде во Србија во летото 2023 година да го посети својот соиграч.
Почнувајќи од следната сезона, Арон Гордон ќе го носи бројот 32 во Нагетс, наместо 50, кој го носеше низ целата кариера. На овој начин, крилниот центар ќе му оддаде почит на својот покоен постар брат Дру Гордон, кој загина во сообраќајна несреќа на почетокот на оваа година.
Текстот Гордн го продолжи договорот со Денвер – Ќе добие 133 милиони за четири години е превземен од МАКФАКС.