Вечерва Елмас е пред голем јубилеј, Македонската фудбалска легенда вечерва ќе го одигра својот 100-ти натпревар во дресот на италијанскиот клуб Наполи.
Тој пред две ипол години во Наполи пристигна од Фенербахче.
Вечерва Наполи му гостува на Сасуоло, а Елмас ако настапи за него тоа ќе биде по 100. пат како ќе одигра меч за наполитанците. Елмас досега има 73 настапи за Наполи во Серија А и постигнато четири гола и три асистенции.
Во Купот на Италија има девет настапи, и дадено еден гол. Еден настап има и во италијанскиот Суперкуп. Во Европа Елмас има 16 настапи за Напопли, зачинети со два гола и една асистенција. Тоа е вкупно 99 настапи, шест голови и четири асистенции.