Екипата на Арсенал ќе биде без Микел Артета на првиот натпревар од 2022 година, против Манчестер Сити на домашен терен.
Со тој дуел почнува новогодишното коло во Премиер лигата, а шпанскиот стручњак нема да може да ја води екипата затоа што е позитивен на ковид-19. Според мерките на британската влада, тој мора да остане изолиран најмалку една недела, па на Сити делумно ќе му биде олеснета задачата на мечот на Емирејтс.
Двете екипи се наоѓаат во извонредна форма последниот период. Сити е во серија од девет победи која може да порасне на десет ако вечер го совлада Брентфорд, додека „топчиите“ триумфираа на последните четири меча во Премиер лигата.