Секој што работи во старечки домови ќе треба да се тестира за САРС-КоВ-2. Тоа значи дека сертификатите за КОВИД повеќе нема да бидат доволни за домашниот персонал и сите други луѓе кои доаѓаат во институциите што се грижат за стари лица. Клучната причина за промената на епидемиолошката политика во домовите е научното сознание дека имунолошката заштита стекната со вакцинација избледува со текот на времето и дека и вакцинираните ја пренесуваат инфекцијата.
Advertisements
Мерките уште минатата недела ги најави канцеларката Ангела Меркел, потсетува Асошиејтед Прес.
Може да се претпостави дека во Германија, а потоа и во другите земји, вакцинираните лица кои работат во здравствените домови, каде не смее да се дозволи појава на инфекција поради пациенти со нарушен имунитет, наскоро ќе бидат обврзани да се тестираат.
Ако имате некој близок кој е со слаб имунитет и е сместен на одделение за интензивна нега, дали очекувате да се тестираат и вакцинираните лекари и медицинските сестри, бидејќи се знае дека и тие можат да бидат носители на инфекцијата? Ова прашање е многу чувствително бидејќи во неколку болници низ Европа веќе се забележани епидемии на инфекции.
Факт е дека вакцинираните имаат помала веројатност да ја шират инфекцијата, но тоа е и многу висок ризик со голем број на заразени лица во општата популација.
Постојат два фактора кои ја принудија Германија да почне да ги тестира и вакцинираните лица вработени во домовите за нега на старли лица. Прво, тоа е наглото зголемување на бројот на заболени во последните недели, но и многу болното искуство од зимата 2020 година кога повеќе од 30.000 луѓе починаа во домовите за стари лица, иако беа изолирани од своите најблиски. Во тоа време, домовите не беа соодветно заштитени со „одбранбен ѕид“ од тестови, а немаше ниту вакцини. Сега, кога е познато дека заштитата од вакцини со текот на времето избледува, ако не се спроведе тестирање на вакцинираните, тоа би било повторување на грешката од 2020 година. Затоа, Германците играат на сигурно, па наредиле секој што редовно доаѓа во нивните домови да се тестира и по неколку пати неделно.