Републиканецот Глен Јангкин е избран за нов гувернер на Вирџинија, победувајќи го поранешниот гувернер од редовите на демократите, Тери Мекалиф.
Јангкин беше политички аутсајдер додека се обидуваше да ги собере гласачите во предградијата отворајќи ги горливите прашања како што се справување со расизмот во училиштата и задолжителното носење маски во училниците.
Поранешниот претседател Доналд Трамп, кој го поддржа Јангкин, загуби во Вирџинија за време на неговата кандидатура за реизбор во 2020 година со 10 процентни поени.
Исходот од изборите за гувернер нашироко се смета за предвесник на конгресните избори во 2022. Тие ќе одлучуваат за контролата на американскиот Конгрес – а со тоа и за иднината на политичката агенда на претседателот Џо Бајден.