Припадниците на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) во соработка со колегите од хрватското МВР и Европол од утрово спроведуваат голема меѓународна акција против трговијата со луѓе, дознава Klix.ba.
На територијата на Република Хрватска се уапсени четири лица и извршени се претреси на четири локации, додека на територијата на Босна и Херцеговина, поконкретно, кантонот Тузла, уапсени се девет лица и извршени се претреси на 13 локации.
Цел на акцијата се шверцери на луѓе кои, со камиони и теренци превезувале турски државјани од Сараево преку државната граница до Хрватска, а потоа во Германија.
Турците легално пристигале со авиони во Сараево, од каде што биле превземени од криумчари и илегално возени преку Босна и Херцеговина.