Цариниците на граничните премини Блато и Богородица заплениле поголема количина лекови за животни.

94 пакувања лекови и препарати за животни (течности за инекции penstrep, maxtil, limoxin, penbex и combikel, спрејови super spray, таблети exiptol и гелови aloegel), за кои е потребно одобрение за увоз издадена од Агенцијата за храна и ветеринарство, биле пронајдени позади седиштето на автомобил со албански регистарски таблички со кој албански државјанин се пријавил за влез во државата на граничниот премин Блато.

Исто така, поголема количина лекови за животни е запленета и на граничен премин Богородица, откако истата е откриена во контрола на автомобил со бугарски регистарски таблички.

Патниците кои се враќале од Солун биле прашани дали имаат нешто да пријават, но истите не пријавиле ништо по што поради сомневање е извршена контрола. При контролата на автомобилот пред совозачкото седиште во црна кеса и на задните седишта во стиропорна кутија покриено со јакна се пронајдени 23 парчиња Intergonan 5000 IU, 12 ќеси од по 20 парчиња Cidr ovis, 150 апчиња Ibendazile provet 600.

Непријавената стока подлежи на мерки на трговска политика и за истите е потребна дозвола од Агенција за храна и ветеринарство.

Текстот Голема количина лекови за животни запленети на Блато и Богородица е превземен од МАКФАКС.