Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп соопшти дека големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина е успешно завршена.

„Штотуку беше завршена голема размена на затвореници меѓу Русија и Украина. Им честитаме на двете страни за оваа преговарачка победа. Ова може да доведе до нешто големо“, порача Трамп на својот профил на социјалната мрежа „Тру Соушал“.

Украина претходно и достави на Русија список од 1.000 воени заробеници, како дел од подготовките за најавената размена, изјави вчера претставник на украинската воена разузнавачка служба.

Договорот за спроведување на таа размена беше постигнат претходно овој месец во Истанбул, за време на првите директни преговори меѓу Русија и Украина по повеќе од три години.

Текстот Големата размена на затвореници меѓу Русија и Украина е успешно завршена, Трмп им честита е превземен од МАКФАКС.