Астероидот што се приближува е познат како 7482 (1994 PC1), а бил откриен во 1994 година. Ова е најблискиот астероид до Земјата во следните два века, а НАСА вели дека не се заканува удар
Астероид широк километар би требало да поине покрај Земјата следната недела, а тој ќе биде најблиску до нас во следните 200 години, пишува CNN.
Астероидот 7482 (1994 PC1) со 76.192 км/ч ќе помине доцна во вторник навечер на растојание од 1,9 милиони километри
Откриен е во 1994 година, а според проекциите на НАСА 7482 (1994 PC1) ова е најкраткото растојание на кое ќе бидеме во следните два века. Долго после тоа, во 2057 година, уште поголем повторно ќе прелета покрај Земјата. Астероидот 3122 Флоренс (1981 ET3) помина покрај Земјата во 2017 година, а се проценува дека е широк помеѓу 4 и 8 километри.
7482 (1994 PC1) најверојатно нема да биде видлив со голо око, но аматерските астрономи со мал телескоп би требало да можат да го забележат, според EarthSky.com.
Инаку, во септември оваа година леталото на НАСА намерно ќе удри во малиот астероид Диморфос за да го промени движењето во вселената и на тој начин да ја тестира технологијата развиена за одбивање астероиди. Објектите блиску до Земјата се астероиди и комети со орбити кои ги сместуваат на 48 милиони километри од Земјата. Откривањето на закани од објекти блиску до Земјата, или NEO, кои потенцијално би можеле да предизвикаат сериозна штета, е примарен фокус на НАСА и другите вселенски организации ширум светот.