Гинисовиот рекорд за грбно лазење во тесен простор го држи 30 годишната Шемика Камбел. Таа потекнува од Тринидад и Тобаго, а светот ја запозна откако со нејзиното еластично тело успеа да се протне во еден специјално изграден канал над кој имаше цевки и тесен само 30 сантиметри. Шемика се движеше легната речиси сосема на грбот мрдајќи само со прстите на нозете. Вака легната успеа да помине 3 метри и 80 сантиметри по што и официјално стана гинисов рекордер по ползење во тесен простор.
Прикажи повеќе