Новата мутација на коронавирус може да донесе надеж наместо паника. Ковид-19 предизвикан од варијантата омикрон од Јужна Африка сè уште се однесува како помалку опасен, но во исто време изгледа позаразен. Токму оваа комбинација, според експертите, конечно би можела да ја премести инфекцијата во категоријата на вообичаени вируси.

Advertisements

„Ако се докаже дека омикрон предизвикува поблага форма на болеста, тоа би бил подарок за Божиќ“, вели германскиот здравствен експерт и можен следен федерален министер за здравство, Карл Лаутербах, за германскиот медиум NTV.

Сепак, тој додаде дека е потребно да се почека да се види како вирусот се однесува во телата на повозрасните.

Прикажи повеќе