
Германската влада, по десет години, повторно одобри распоредување на свои војници во воената мисија на Европската унија во Босна и Херцеговина, ЕУФОР Алтеа. Распоредувањето до 50 војници, треба да биде одобрено од парламентот. Портпаролот на Министерството за одбрана Дејвид Хелмоблд рече дека војниците ќе бидат распоредени во базата во Сараево и во два мобилни тима за набљудување и врски кои ќе дејствуваат како „очи и уши“ на мисијата.