Русија ќе се соочи со многу построги санкции ако го отфрли 30-дневниот прекин на огнот што го бара Западот, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во интервју објавено во саботата.
Доколку Путин не се согласи на прекин на огнот, „ќе следи масовно заострување на санкциите, а масовната помош за Украина ќе продолжи – политички, се разбира, но и финансиски и воено“, изјави Мерц за „Билд“.
„Се согласуваме со американската влада, со Доналд Трамп. Бараме 30-дневен прекин на огнот за да можат да се подготват мировни преговори во тој период“, додаде тој. „Топката сега е во дворот на Путин. Путин мора да одговори на оваа понуда.“
Текстот Германија: Русија се соочува со построги санкции ако одбие примирје е превземен од МАКФАКС.