Германскиот политички врв денеска реагираше за одбивањето на украинскиот претседател Володимир Зеленски да го прими во посета германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмајер, изразувајќи го своето незадоволство од таа одлука, пренесуваат тамошните медиуми.
„Германскиот претседател јасно застана на страната на Украина. Германија беше и сè уште е еден од најодлучните поддржувачи на Украина, а овој факт е тесно поврзан со долгорочните активности на германскиот претседател“, изјави портпаролот на германската Влада.
Портпаролката за надворешна политика на владејачката Социјалдемократска партија на Германија (СПД), Нилс Шмид, изрази незадоволство од одлуката на Киев.
„Ова е повеќе од несоодветно, ние сме пријателски земји и посетата на германскиот претседател заедно со другите претседатели требаше да биде позитивен сигнал“, рече Шмид додавајќи дека одлуката на Киев во Германија е целосно погрешно разбрана.