Во својот подкаст, поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Гари Невил, зборуваше за актуелните настани во Премиер лигата и за новиот шампион Ливерпул. „Црвените“ се на прагот да ја освојат својата јубилејна 20-та титула во Премиер лигата, а тоа би можело да се случи утре доколку го победат Тотенхем (17:30 часот).
Ова значи дека Арне Слот, во својата дебитантска сезона на клупата на Ливерпул, ќе го направи она што многумена пред него не го направија.
„Мислам дека тој одлично ја врши работата, да бидам искрен. На почетокот на сезоната, немаше многу луѓе, дури и меѓу навивачите на Ливерпул, кои ја очекуваа титулата. Не се сеќавам дека некој од нас, професионалните консултанти или аналитичари, рече дека Ливерпул ќе биде шампион. Сите очекуваа трка помеѓу Манчестер Сити и Арсенал, па она што го направија е навистина голем успех“, рече Невил во својот подкаст, а потоа продолжи:
„Им ја прогнозирав петтата позиција. Очекував природен пад да следи по заминувањето на Клоп, како што се случи со Арсенал по Арсен Венгер или Јунајтед по Алекс Фергусон. Ваквите работи се вообичаени и затоа успехот на Слот добива дополнителна тежина.“
Невил, исто така, ги пофали преговарачките вештини на Слот, кој успеа да ги убеди Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк да ги продолжат договорите со Ливерпул.
„Во текот на целата сезона, го следеа приказни околу договорите на најдобрите играчи, а тој успеа да убеди двајца од најважните играчи за тимот да ја продолжат својата лојалност кон клубот. Во исто време, тој беше смирен цело време и успеваше да го извлече најдоброто од тимот. Да не беше така, да беше поинаков тип тренер, малку е веројатно дека Ван Дајк и Салах ќе одлучеа да останат во клубот“, смета Невил.
Текстот Гери Невил: Не верував дека Ливерпул ќе оди погоре од петтото место, секоја чест за Арне Алот е превземен од МАКФАКС.