ГЕРБ-СДС го задржуваат лидерското место со поддршка од 24,1 проценти во анкета на „Алфа рисрч“, како што пренесува „24 часа“.

Advertisements

Пред парламентарните и претседателски избори на 14 ноември, доскорешната владејачка партија во Бугарија, според анкетите, успева да врати дел од довербата во главниот град и во поголемите градови.

Најспорна останува втората позиција. Во конкуренција за неа се „Промените продолжуваат“ и БСП.

Една недела пред гласањето, поддршката за формацијата околу доскорешните министри Кирил Петков и Асен Василев е на високо ниво од 16,5 отсто и моментно имаат нешто поголема поддршка од социјалистите, чиј рејтинг е 16 отсто.

„Демократска Бугарија“, „Има таков народ“ и ДПА се другите три партии кои сигурно ќе обезбедат место во Народното собрание, според анкетата на една седмица од третиот последователн циклус парламентарни избори во Бугарија. Нивните резултати се силно доближени и можна е замена на позициите во следните неколку дена.

Прикажи повеќе