Општина Центар ги поканува сите граѓани на најдобрата новогодишна прослава во градот, вечера во 20.00 часот часот, на Боемска 1.

Забавата ќе започне со легендарниот диџеј Александар Јорданов, а Никола Перевски – Пере и Нокаут ќе ја кренат атмосферата до максимум со своите незаборавни хитови.

„Ве чекаме сите вечерва на Боемска 1 на добра журка, заеднички да ја испратиме 2024-та година. Овој концерт е одлична можност да се собереме, да се забавуваме и да ја прославиме магијата на празниците. Со сите вас да ги споделиме последните моменти од годината, а во новата да имаме многу оптимизам и радост. Заеднички да продолжиме да градиме еднакво и солидарно општество“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.

Текстот Герасимовски: Ве чекаме вечерва на добра забава со Нокаут и диџеј Александар Јорданов, на Боемска 1 е превземен од МАКФАКС.