„Убаво е дека во практика го рестартиравме дијалогот за политичките теми“, кажа министерката за надворешни работи на Бугарија, Теодора Генчовска на брифинг со новинарите. Таа додаде дека Бугарија очекува надградба и постигнување резултати преку амбициозните планови на Владата.
„Со оглед на фактот дека министерствата за надворешни работи од двете земји се координатори на целиот процес и го водат дијалогот по политичките теми, во разговорот со министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија го проширивме опфатот на дискусиите и во оваа насока сакам да ви споделам два елемента: во случајот со Украина, им предложивме доколку е неопходно и по нивна желба исто така да го евакуираме и тимот од нивната амбасада во Украина и уште една тема која всушност реферира на контекстот на Алијансата – Бугарија го реафирмира својот предлог да го обезбедува воздушното пространство на Република Северна Македонија“, рече Генчовска.