Генералниот секретар на Светска здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус во новогодишната порака изрази надеж дека е можно да заврши пандемијата со Кови-19 во 2022 година.
Тој истакна дека светот има „алатки за завршување на пандемијата“ и покрај тоа што бројките на новозаразени лица во светот уриваат рекорди.
Гебрејесус во објавата на Линкедин предупреди и дека пандемијата подолго ќе трае, ако продолжи нееднаквоста.
– Две години по почетокот на пандемијата, алатките на располагање за борба против Ковид-19 сè уште се нерамномерно распределени низ светот. Во Африка, три од четири здравствени работници не се вакцинирани, додека луѓето во Европа и САД примаат трета доза. Таквиот јаз ги зголеми условите за појава на нови соеви, заклучувајќи нè во циклус на континуирани загуби, тешкотии и ограничувања, напиша Гебрејесус.
Тој додаде дека „ако заврши нееднаквоста, тогаш ќе заврши пандемијата и глобалниот ноќен кошмар што го проживеавме. И тоа е можно“.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.