Пеп Гвардиола, вчера во Лестер 500. пат во кариерата седеше на клупата на Манчестер сити. „Граѓаните“ славеа со 2:0, ја прекинаа серијата лоѓши резултати и по пауза од два месеци славеа на гостински терен.
Сити се на петтото место во Премиер лигата, зад лидерот Ливерпул заостануваат 14 бодови.
„Премногу сме далеку од освојување на Премиер лигата“, изјави Гвардиола за Би-Би-Си.
„Го прифативме фактот дека немаме шанси за титула, но имаме за што да се бориме на останатите фронтови, во ФА Купот, да бркаме место во најдобрите четири екипи во лигата… За почеток, тоа помага кога победувате“.
Текстот Гвардиола: Немаме шанси да ја освоиме титулата е превземен од МАКФАКС.