Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола изјави дека има силна поддршка од клупските ќчелници, пренесува „Скај Спортс“.
Манчестер сити забележа една победа, две нерешени и девет порази во последните 12 натпревари во сите натпреварувања. И покрај серијата лоши резултати Гвардиола вели дека има поддршка од претседателот Калдун Ал Мубарак.
„Зборуваме секоја недела и чувствувам силна поддршка од него. И двајцата знаеме дека треба да донесеме некои одлуки кога ќе се случи нешто погрешно. Секогаш сме оптимисти кога решаваме за наредните чекори“, рече Гвардиола.
Фудбалерите на Манчестер сити се на седмото место на табелата во Премиер лигата со 27 бодови од 17 натпревари. Манчестер сити, во четврток, на домашен терен ќе го пречека Евертон во 18. коло од Премиер лигата.
Текстот Гвардиола: Имам силна поддршка од претседателот на клубот е превземен од МАКФАКС.