Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го најави вечерашното финале во Лигата на Шампионите. „Граѓаните“ повторно имаат шанса да стигнат до посакуваниот трофеј, откако пред две години загубија во финалето. Овојпат ривал во битката за трофејот им е Интер.
„Освојувањето на Лигата на шампионите е сон за секој фудбалер и тренер. За да постигнете нешто, секогаш ви е потребна вистинската пропорција на зависност, желба и волја за победа. Да се биде овде е сон за нас. Ако се погледне историјата, луѓето би можеле да кажат дека Интер е поголем клуб, но тоа не е важно. Дали сме фаворити или не, не е важно. Настапот на теренот ќе ја направи разликата“, изјави Гвардиола.
„Ова е празничен ден за навивачите на Манчестер Сити и на Интер, ова е ден кога треба да се биде среќен и да се слави да се биде овде. Ова е финале. Лигата на шампионите е неверојатно натпреварување. Знаеме колку е важно“, додаде тој.
Шпанецот вели дека Интер е многу опасен ривал.
„Можат да те нападнат низ средината, можат да те нападнат по страничните позиции. Тоа е тешко да се контролира. Ако станува збор за ситуации еден на еден, тие можат да ве уништат. Од друга страна, ќе се обидат да се одбранат на најдобар начин. Повторно сме во финале, две години подоцна, а многу работи се случија во тој период. Имавме план за добар натпревар против Челси, но не ни одеше. И вечерва ќе биде така, подготвени сме. Играчите имаат добро чувство, знаејќи дека мора да ги почитуваат квалитетите на Интер“, истакна менаџерот на Манчестер Сити