Газпром од денеска ќе испорачува максимално 67 милиони кубни метри плин, образложувајќи го чекорот со доцнење на работите на поправка на цевководот.
Advertisements
Енергетскиот концерн Сименс Енерџи во одговор на ова објави дека плинска турбина, чиј ремонт е вршен во Канада, моментно не може да биде вратена од Монтреал поради санкциите против Русија.
Најновото намалување на испораката на 67 милиони кубни метри гас значи намалување од околу 60 проценти во рок од два дена.
Германскиот министер за економија Роберт Хабек смета дека зад најавата на Газпром не се кријат технички проблеми, туку очигледно „стратегија за предизвикување немир и покачување на цените. „Моментално, гас на пазарите има, но цените се повисоки“, изјави Хабек. Германскиот министер очекува натамошни редуцирања на испораката на гас од страна на Русија: „Ова не е конечно, допрва почнува.“
Извор: Дојче Веле