Сопственичката на Лос Анџелес Лејкерс, Џини Бас, откри нови детали за трејдот на Лука Дончиќ.

Бас откри дека Ентони Дејвис не бил задоволен од улога што ја има во тимот, што ги натерало Лејкерси да се согласат на овој трејд.

„Дејвис се жалеше на позицијата на која играше“, изјави Бас, додавајќи дека одлуката за трејд била корисна за двете страни, пренесува „Баскетњуз“.

Иако Дејвис не побара експлицитно трејд пред да биде вклучен во договорот со Маверикс, јасно е дека тој не беше целосно среќен во Лос Анџелес. Дејвис јасно ставаше на знаење дека сака да игра на својата природна позиција, како крилен-центар, а не како центар.

Исто така, според новинарот Тим Бонтемпс, Далас планира да го трејдува Дејвис во текот на летото за да ја искористи максимално неговата вредност, бидејќи „Маверикс немаат шанси да освојат прстен со овој тим“.

„Губевме во плеј-офот од Денвер Нагетс во последните три години и навистина немавме ништо што изгледаше поинаку за претстојниот плеј-оф“, додаде Бас.

Дејвис играше за Лејкерс од 2019 до 2025 година, помагајќи му на тимот да го освои шампионскиот прстен во 2020 година. Пред да биде разменет, тој имаше просек од 25,7 поени, 11,9 скока и 2,1 блокади по натпревар.

Сепак, неговото деби на Маверикс на 8. февруари не можеше да биде полошо.

Дејвис заработи повреда на левиот адуктор, поради што еден месец е надвор од терените.

Текстот Газдарицата на Лејкерси откри зошто се случи размената Дончиќ-Дејвис е превземен од МАКФАКС.