Новата недела започна со одлични вести за фановите на Арсенал. Нападот на „топџиите“ го засили бразилскиот голгетер Габриел Хесус.
Advertisements
Засилувањето од Манчестер Сити ќе го носи дресот со број „9“. Микел Артета и спортскиот директор на екипата Еду се задоволни од ангажманот на еден од најдобрите офанзивци во Премиер лигата. 25-годишникот заминува од тимот на Пеп Гвардиола поради големата конкуренција и доаѓањето на Ерлинг Халанд. Во дресот на „граѓаните“ постигна 95 гола на 236 натпревари.
Хесус е стандарден бразилски репрезентативец, кој за време на престојот во Манчестер освои четири титули во Премиер лигата, исто толку трофеи во ФА Купот и три одличја во Лига Купот.
Извор: гол.мк