„Не се само уставните измени, туку и Договорот за добрососедство и двата Протокола. Ние имаме три заемно сврзани инструменти, кои се дел од таканаречниот компромис од јули 2022 година, Уште повеќе, пак, ние имаме и многу јасна позиција на Народното Собрание“. Ова е дел од одговорот на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи, Марија Габриел, на прашањето – што се случува со преговарачкиот процес на Република Северна Македонија за присоединување со ЕУ, дали земјата го почитува тоа што е побарано од неа, и каков е ставот на Бугарија? Габриел го даде одговорот на седница на собраниската комисија за прашања на Европската унија, Шенген зоната и еврозоната.
„Тоа на што инсистираме што јас и мојата екипа во секакви формати, тоа што е важно за нас, е да видиме – ако има тешкотии со уставните измени, каков е напредокот по останатите теми? Вистината е дека направивме две технички средби – една во јули во Софија, една во октомври во Скопје – и за жал, утврдуваме дека по нив нема напредок“, рече Габриел.
Извор: Дојче Веле