Здружение на Украинците во Македонија „Лесја Украинка“ на 24 февруари (сабота), со почеток од 10 часот ќе одржи мирен марш по повод двегодишнината од почеток на руската сеопфатната инвазија врз Украина, информираат од здружението.
Настанот ќе започне на алеја „Украина“ во центарот на Скопје (пред хотел „Мериот“ на плоштад „Македонија“), потоа ќе продолжи пред амбасада на руската федерација.