Грешките во нападот беа клучни за поразот на македонскиот ракометен шампион на тешкиот терен во Унгарија.
Тренерот на „црвено-црните“, Веселин Вујовиќ токму грешките кои ги направија неговите играчи во вториот дел смета дека се главната причина за поразот на неговиот тим.
„Направивме многу глупави грешки во второто полувреме. Моите импресии се дека одигравме добар меч, но тоа што се случи во второто полувреме го реши дуелот. За седум дена имаме уште еден натпревар и ќе се обидеме да го направиме тој дуел поинтересен. На ПИК Сегед му посакувам се најдобро во иднина и добри резултати“, изјави Вујовиќ.
Вардар следниот натпревар во Лигата на шампионите повторно ќе го игра против Пик Сегед, но овојпат на домашен терен во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.