Вучиќ кажа дека според прелиминарните резултати во Белград, листата „Србија не смее да запре“ несомнено освоила најголем број гласови, иако опозицијата обвинувала за изборни нерегуларности и иако се надевале дека барем таму тие ќе бидат победници. Кога станува збор за Покраниското собрание на Војводина, кое брои 120 пратеници, партијата на Вучиќ, според него, освоила апсолутно мнозинство, односно од 67 до 69 во зависност од финалниот исход.
„На второто место се најде листата „Србија против насилството“, со 28 спрема 29, што значи двојно повеќе гласови и пратеници. Третопласирана е СВМ со 9 мандати, СПС со 7 мандати, НАДА со 6 мандати и некоја руска партија со 1 мандат во Војводина“, рече Вучиќ.
Кога станува збор за предвремените парламентарни избори, тој кажа дека на примерок од 76%, неговата листа добила поддршка од 46,5% од граѓаните, „Србија против насилството“ – 23,5%, социјалистите на Дачиќ – 6,5%, „Надеж“ – 4,9%, партијата на д-р Несторовиќ – 4,7%. Според Вучиќ, листата „Србија не смее да запре“ сигурно ќе има над 127 мандати во Собранието.