Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се обрати нацијата поради протестите и насилствата на улиците. Тој предупреди дека „прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат“, оценувајќи дека „банда владее по улиците“ и државата ќе одговори.

Вучиќ ги обвини демонстрантите за насилства во Валево, Белград и Нови Сад, вклучително и палења и напади врз простории на политички партии и полицијата. Тој оцени дека она што се случуваше во Нови Сад и Ваљево, каде што беа демолирани и запалени просториите на владејачката Српска напредна партија, е тероризам.

На прашање за Мартa Кос и присуството на малолетници на протестите, рече дека недозволиво е рушењето на простории на политички партии и дека одговорноста е кај насилниците, а не кај државата.

Вучиќ уверува дека станува збор контролирани сценарија на хаос, според кои протестите се организирани со цел дестабилизација и поттикнување на изборни барања. Тој најави дека во наредните 3-4 дена ќе следат „изненадувачки одлуки“ на државата и дека за 10 дена ќе бидат приведени сите кои учествувале во нередите.

„Со народот на Србија ќе го победиме ова зло“, заклучи претседателот, истакнувајќи дека државата ќе се спротивстави на внатрешниот хаос и надворешните притисоци.

Текстот Вучиќ: Прашање на ден е кога ќе почнат да убиваат; за 3-4 дена изненадувачки одлуки, ќе го победиме злото е превземен од МАКФАКС.