
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да соопшти ништо по средбата со претставниците на земјите од Квинтата и со шефот на делегацијата на Европската Унија.
„Донесов одлука да не кажам ниту еден единствен збор за состанокот со претставниците на земјите од Квината и со шефот на делегацијата на ЕУ во Србија. Сметам дека тоа е најдобро за сите“, напиша Вучиќ на Инстаграм.