Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека меѓусебното признавање на Србија и Косово е желба на ЕУ, но не и на Србија. Неговата изјава доаѓа како одговор на извештајот на Европскиот парламент за Србија, во кој за првпат експлицитно се наведува очекувањето на ЕУ за „взаемно признавање“ меѓу Србија и Косово. Вучиќ рече дека рамката на дијалогот меѓу Косово и Србија треба да се фокусира на „нормализација на односите“ меѓу двете земји, а не на признавање.

Advertisements

„Взаемното признавање е нивна желба, добро е што го сакаат, но ние не го сакаме. И како што реков – секој има своја работа, тие ја имаат својата, ние ја имаме нашата“, рече Александар Вучиќ, претседател на Србија.

Претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел за време на престојот во Косово изјави дека фокусот на косовските институции треба да биде процесот на нормализација на односите со Србија и имплементација на договорите потпишани во минатото.

„Двете страни мора да постигнат напредок во спроведувањето на минатите договори,“ рече Шарл Мишел, претседател на Советот на Европа.

Косовската претседателка Вјоса Османи изјави дека за да се постигнат конкретни резултати во процесот на дијалог и Србија мора да ја препознае реалноста.

„За Косово, дијалогот не е само барање на меѓународните организации, туку и витален процес, “ Вјоса Османи, претседателка на Косово.

Комисијата за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ) вчера ги одобри извештаите за Косово, Србија и Босна и Херцеговина.

Шкелзен Аќифи