Српскиот претседател Александар Вучиќ утринава го посети младото момче Вукашин Црнчевиќ, тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад, на Воено-медицинската академија.

„Утрово го посетив Вукашин Црнчевиќ, млад човек тешко повреден при уривање на настрешница во Нови Сад на 1 ноември. Вукашин е храбар и силен дечко и верувам дека љубовта, молитвите и поддршката на неговата мајка Весна и сите нас ќе му даде дополнителна сила да се бори за живот. И кога можете да се исплачете само со мајката, едно кратко мавтање со раката, ја враќа вербата и надежта дека чудата се можни“, објави Вучиќ на Инстаграм.

„Знам дека лекарите на Воено-медицинската академија, исто како и во Клиничкиот центар во Војводина, ќе направат се за да му овозможат на Вукашин најдобар третман и нега“, додаде Вучиќ.

Секојдневни протести во Србија траат од 1 ноември, кога се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повредени.

Текстот Вучиќ го посети човекот повреден при уривање на настрешница во Нови Сад: Со верба и надеж чудата се можни е превземен од МАКФАКС.