Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска им врачи одликувања на заслужни поединци, а меѓу нив беше и холивудскиот актер Џони Деп.
Деп е награден со златен медал за исклучителни достигнувања во јавните и културните дејности, особено во областа на филмската уметност и промоцијата на Република Србија во светот.
Актерот во своето обраќање на свеченоста по повод Денот на српската државност истакна дека ова е несекојдневен момент за него и токму затоа е горд.
„Навистина сакам да ви се заблагодарам, претседателе Вучиќ, мило ми е што ми ја укажавте таа чест. Моето искуство со луѓето во Србија, сосема нов живот. Ми се допаѓа овој почеток и би сакал тој почеток да започне токму овде. Бидете благословени. Ја прифаќам оваа голема чест и никогаш нема да ја изневерам“, изјави Џони Деп.
Џони Деп додаде дека сака ќебапи, а се надева дека наскоро ќе проба и слива ракија.