Српскиот претседател, Александар Вучиќ, ќе се врати на своите службени обврски од среда, дознава Б92.нет од Генералниот секретаријат на Претседателството.
Според Б92.нет, за среда наутро се закажани средби со рускиот и британскиот амбасадор.
Се очекува српскиот претседател да се обрати до нацијата во среда навечер.
Вучиќ ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по што се врати во Србија. Лекарите препорачаа неколку дена строг одмор.
Српскиот претседател денеска се огласи на Инстаграм. „Почнувајќи од оваа недела, ќе чекориме самоуверено, со вера во нашите срца и души, бидејќи никој не може да ја запре Србија која создава, гради и сонува. Поминавме низ тешкотии, наидовме на пречки, но тие не нè скршија. Не можеа, бидејќи соништата на народот кој верува во работата, чесноста и љубовта кон својата земја не можат да бидат уништени.
Гордоста, достоинството и вербата во подобро утре отсекогаш нè воделе! Значи, продолжуваме заедно кон целта, јас одам пред вас за да бидам штит, да се борам и да дадам сè што можам за земјата што ја сакам.
Сите мора да продолжиме напред за Србија – заедно, силно, непоколебливо. Да живее Србија“, рече Вучиќ.
Текстот Вучиќ в среда им се враќа на работните обврски е превземен од МАКФАКС.