реклама
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ е познат по својата работа на социјалните мрежи. Го гледавме како пее, игра, појадува, јаде сендвичи, а сега прави палачинки.
Вучиќ во видеото вели дека палачинките се негов придонес во пречекот на големиот број гости од странство кои пристигнуваат на утрешниот саем на вино.
реклама
„Ми се допаѓа со џем, луѓето сакаат со еурокрем, но ако има сливи, шипинки, тоа е најдобро. Овој ќе биде докторски труд. Овој е најдобар досега. Повторно, не ја добив формата како што треба, но не е важно. Сите ми се смеат. Им правев палачинки на Данило и на Милица и сакаа да бидат што погусти, што помалку успевав, сакаа да победат“, вели Вучиќ во видеото на кое прави палачинки.
Погледнете како тоа изгледаше.
реклама