Претседателот на Српската напредна партија (СНС), Милош Вучевиќ, денеска изјави дека е подготвен да разговара со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за барањата на опозицијата за предвремени парламентарни избори и дека е техничко прашање дали тие би се одржале во декември оваа година или во јануари или февруари идната година.
Вучевиќ, кој е и министер за одбрана, за телевизијата Прва изјави дека не ја исклучува можноста во Србија да има избори до крајот на годината или на почетокот на следната.
„Ако некој мисли дека сме го изгубиле легитимитетот, подготвени сме тоа да го провериме на гласачките места“, рече Вучевиќ.