Српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин изјави дека земјата строго ќе се придржува до воената неутралност, нема да влезе во НАТО.

Advertisements

„Се додека Србија е управувана од претседателот Александар Вучиќ и додека јас сум во безбедносните структури, Србија нема да стане членка на НАТО и ние ќе водиме многу строга грижа да ја зачуваме нашата воена неутралност“, рече српскиот министер.

Според него, Србија никогаш нема да поддржи санкции против Русија или антируска хистерија.

„Историјата покажува дека секоја русофобија е и србофобија. Досега, не се случило некој што ја напаѓа Русија, да не ја нападнал Србија. Не зависи од нас. Тоа е само правило“, рече шефот на српското МВР.

Тој порача дека сите земји ги имаат ситите проблеми како тероризам, нарко-банди, перење пари, а тоа важи и за Србија и Русија. Вулин додаде дека соработката меѓу двете земји ќе продолжи да се развива, главно во областа на полициските служби.

Прикажи повеќе